Какви политики за пост-пандемиски одговор за родова еднаквост ни требаат?
На 9 декември 2021, ИОХН-Скопје, Акција Здруженска и Здружение Радика Дебар ја одржаа онлајн дискусијата „Какви политики за пост-пандемиски одговор за родова еднаквост ни требаат?“. Настанот беше во состав на проектот „Родова димензија на политики во фокус-јакнење на резилиентност во пост-ковид период“, поддржано од Швајцарската агенција за развој и соработка (Програма: Цивика Мобилитас). Воедно, беше промовирана студијата на политики „Проценка на потреби за градење на родово сензитивни политики за општествена пост-Ковид резилиентност и закрепнување“.
Ана Блажева (ИОХН-Скопје) и Марија Савовска (Акција Здруженска) дискутираа за проценката на развојот и имплементација на јавни политики во насока на постигнување еднакви можности на жените и мажите, социјална инклузија и почитување на правата на жените.