Кон деполаризација на јавниот дискурс
На 23 јануари 2019 година, ИОХН-Скопје ја организираше затворената дебата: „Кон деполаризација на јавниот дискурс“ со претставници од граѓанскиот сектор и политичките партии. Настанот беше организиран согласно “Chatham House Rule“, а учесниците од домашната и меѓународната заедница беа внимателно избрани со посебни покани. Официјалните говорници беа: Ирена Стефоска (независна пратеничка), Магдалена Манаскова (ВМРО ДПМНЕ), Љупчо Петковски (Извршен директор на Евротинк) и Гордан Георгиев (ИОХН-Скопје). Дискусијата ги отвори перспективите кои може да придонесат кон децентрализација на моќта во самите политички партии. Се дискутираше и за моделите на култура на парламентарен дијалог и надминување на политичката поларизација во земјата.
Настанот беше дел од проектот „Соработка помеѓу политичките партии и граѓанските организации: Намалување на асиметричната моќ на извршната власт“, поддржан од National Endowment for Democracy.