Дигитализацијата како пат на вистинска администрација ориентирана кон граѓаните: Децентрализација на процесите како средства за забрзана и ефективна реформа
„Дигитализацијата како пат на вистинска администрација ориентирана кон граѓаните: Децентрализација на процесите како средства за забрзана и ефективна реформа“ е проект нарачан од Friedrich Newman Foundation, на кој ИОХН-Скопје работеше во 2021 година. Тој вклучи сеопфатна анализа на целокупниот пристап на владата кон целосна административна дигитализација со цел за препораки за политики што ќе го забрзаат процесот и ќе го направат поефикасен. Проектот резултираше во:
Студија на политики „Дигитализацијата како пат на вистинска администрација ориентирана кон граѓаните: Децентрализација на процесите како средства за забрзана и ефективна реформа“ (достапна на: https://tinyurl.com/2p8t6fbr)
Конференција „Испорачување на дигитални услуги креирани за граѓаните“ (2 септември 2021), повеќе инфо на: https://www.isshs.edu.mk/delivering-digital-services-designed-for-the-citizens/