Образование за Европа: Иновација во наставните програми за следната генерација креатори на политики во Западен Балкан
Во 2021/2022, ИОХН-Скопје како дел од конзорциум, предводен од Универзитетот за политички науки Париз – Кампус Дижон (Science Po. – Campus Dijon) го спроведе проектот „Образование за Европа: Иновација во наставните програми за следната генерација креатори на политики во Западен Балкан“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Франција. Целта на проектот беше идентификување на состојбата на работите, проценка на потребите и препораки за подобрување на наставните програми на високообразовните институции во Западен Балкан, со фокус на формалното високо образование, а не само на обуките за вештини и другите видови неформално образование.