Панел дискусија: Испорачување на дигитални услуги креирани за граѓаните
Ни претставува големо задоволство да Ве поканиме да учествувате на Панел дискусијата: Испорачување на дигитални услуги креирани за граѓаните, организирана од страна на Фондација за слободата “Фридрих Науман”, Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје (ИССХС) и Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис. Настанот ќе се одржи на 2 септември со почеток во 10:00 часот, во живо во Хотел Александар Палас но и онлајн за што ќе споделиме линк за учество со сите регистрирани учесници. Агендата за настанот е во прилог на оваа покана.
Настанот се организира во синергија со проектите поддржани од Фондација за слободата “Фридрих Науман”, спроведувани од страна на Инстиутот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИССХС) и Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис. Истиот ќе придонесе за јавната и експертска дебата за можностите за вистинска дигитализација на услугите, обезбедени од јавната администрација на централно и локално ниво во Северна Македонија и ќе послужи како извор на клучно и стручно знаење за одговорните засегнати страни.
Врз основа на две компатибилни студии, изработени од Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и Инстиутот за општествени и хуманистички науки, сметаме дека постои огромна потреба да се започне разговор помеѓу граѓанското општество, и групите за застапување и креаторите на политиките за тоа како декларираната посветеност на владата кон дигиталната демократија се спроведува. Покрај тоа, прашањето за нејзината децентрализација е од суштинско значење бидејќи е предуслов за правилна, успешна и ефикасна дигитализација на управувањето и општеството. Така, прашањето за дигиталната администрација не е само еден сектор што ги комбинира администрацијата и ИТ под едно министерство, туку пресекува неколку сектори. Бидејќи личните документи и нивната децентрализирана дигитализација се непосредни придобивки од прокламираната дигитализација за граѓаните, нашите студии и овој настан се фокусираат на ова прашање. Ние предлагаме решенија за политика за усогласување на „пред-дигиталните“ закони за лични документи со поновите кои опфаќаат лични документи, регистар на население и сродни прашања донесени во 2019 година. Исто така ја истражуваме инфраструктурата и капацитетите на општините да спроведат соодветна административна децентрализација во областа на личните документи.
Настанот е од отворен карактер и на него се очекува да присуствуваат претставници од институции, граѓански организации, медиуми и други засегнати страни. Работен јазик на настанот е македонски јазик, со обезбеден превод на албански и англиски јазик.
За учество на настанот, Ве замолуваме да се регистрирате на следниот линк: https://forms.gle/Mo4emrL9YRHU9MEfA најдоцна до 31 август, 2021 год. Непосредно пред настанот, сите регистрирани учесници ќе добијат ZOOM линк за учество.