Школа за политика и критика 2022 „Авторитаризмот и левицата: иднината на демократијата во Југоисточна Европа“
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со поддршка на Rosa Luxemburg Stiftung Southeast Europe ја организираше Школата за политика и критика 2022 „Авторитаризмот и левицата: иднината на демократијата во Југоисточна Европа“ од 10 до 12 септември 2022 во хибриден формат. Главни говорници беа: Френк Енгстер, Џошуа Кловер, Катерина Колозова, Амалија Луисон и Закари Де Јонг.
Школата за политика и критика 2022 година беше посветена на актуелните политички и активистички прашања во регионот и во странство, фокусирајќи се на марксистичките и социјалистичките одговори и анализи на авторитаризмот, национализмот и илибералиате политики што се однесуваат на капиталистичките структури, состојбата и иднината на демократијата, особено во Југоисточна Европа и Европа како целина.