Феминистичко образование за сите 2023
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје и во 2023 година ја одржа неформалната школа „Феминистичко образование за сите 2023“. Таа се одржи од октомври до декември во хибридна варијанта. Во 2023 неформалната школа се фокусираше на младите и нивното запознавање на суштинската врска меѓу феминизмот и родовите студии. Главните теми на кои се одржаа предавањата опфатија: историја на феминизмот, врската на феминизмот со Марксизмот, Исламот, менталното здравје, мајчинството… додека методски пристап беше интерсекцискиот феминизам.
Неформалната школа е поддржана од фондацијата Kvinna till Kvinna додека Институот кој е акредитиран и како високобразовна установа издаде сертификат за неформално образование со ЕКТС кредити.
Брошурата за школата може да ја погледнете на линкот подолу.