Феминистичко образование за сите: Неформална школа за младите жени во Северна Македонија
Во октомври и ноември 2021, ИОХН-Скопје ја организираше хибридната Неформална школа за младите жени во Северна Македонија. Целта на иницијативата беше поширок опсег и мобилизација на активист(к)и за родови и женски права, организации, колективи и индивидуалци, со цел да се запознаат со основните концепти од областите на феминизам и род и воедно да поттикнат активизам и нови феминистички иницијативи.
Професорките и насловите на предавањата беа:
1) Катерина Колозова: Кратка историја на женското ослободително движење, главни интелектуални идеи и нивните политички рефлексии: либерална феминистичка традиција, социјалистичка и анархистичка традиција, втор и трет бран феминизам
2) Искра Геразова Мујчин: Родовиот аспект во јавното здравство
3) Катерина Колозова: Интерсекција и жените и родовата еднаквост
4) Ана Блажева: Родово сензитивни политики
5) Викторија Боровска: Феминистички перспективи на мајчинството
6) Ана Блажева: Феминистички истражувања
7) Дона Колар Панов: Академско пишување
8) Презентација на студентски изработки