+389 2 3113 059

Тркалезна маса: Авении на соработка: Идеи за надминување на македонско-бугарскиот ќорсокак

Центарот за напредни студии Софија и Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со задоволство ве покануваат на тркалезната маса

Авении на соработка: Идеи за надминување на македонско-бугарскиот ќорсокак

Говорници
Проф. Катерина Колозова, Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје: „Зошто е важно дефинирањето на спорот како културен конфликт?“
Доц. Стефан Дечев, Југозападен Универзитет Благоевград и Софиски Универзитет „Св. Климент Охридски“: „Како да се разговара за историјата без да се продлабочи конфликтот?“

Модератор:
Проф. Димитар Вацов, Нов бугарски универзитет

11 март 2022 година (петок), 14:00 – 16:30 часот
Конференциска сала на ЦНС, ул. Стефан Караџа. Бр. 7 (https://cas.bg/en/event/roundtable-avenues-of-cooperation-ideas-for-overcoming-the-macedonian-bulgarian-impasse/)

*На настанот ќе бидат дистрибуирани бесплатни копии од публикацијата Avenues of Cooperation Proceedings, која е достапна и во електронска форма на следниот линк: https://www.isshs.edu.mk/avenues-of-cooperation-proceedings/

Д-р Катерина Колозова е редовен професор и директор на Институтот за општествени и хуманистички науки Скопје, каде што предава политички истражувања, политичка филозофија и родови студии. Предава и филозофија на правото на докторската програма на Американскиот универзитет во Скопје, како и современа политичка филозофија на Катедрата за критички политички студии на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград. Визитинг истражувач (2019) на Факултетот за меѓународни односи на Универзитетот Колумбија, каде што работела на „Авторитаризмот и феминизмот во Европа“. Визитинг професор на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, каде што спроведувала истражување под раководство на Џудит Батлер и со поддршка на Фондацијата Фулбрајт. Супервизор на бројни докторски и магистерски трудови на повеќе универзитети во Западна Европа и Југоисточна Европа. Координатор на бројни студии за либералната демократија, „заробената држава“, слободата на медиумите и академската слобода. Авторка е на неколку меѓународни монографии, како што е Capitalism’s Holocaust of Animals (Bloomsbury Academic, 2019), а нејзината најцитирана книга е Cut of the Real: Subjectivity in Poststructuralist Philosophy (Columbia University Press, 2014).

Доц. д-р Стефан Дечев е вонреден професор по модерна и современа бугарска историја и историографија на Југозападниот универзитет во Благоевград и предавач по историја на машкоста на Универзитетот во Софија. Неговите интереси ја вклучуваат историјата на политичката култура, национализмот и идентитетот, историјата на сексуалноста, храната и навиките за јадење. Меѓу неговите главни публикации се: “Who are the Bulgarians? “Race”, science and politics in fin-de-siècle Bulgaria” – In: We, the people. Politics of National Peculiarities in South-East Europe (2009); Who are Our Ancestors? “Race”, Science and Politics in Bulgaria 1879-1912. (2010); Politics, Gender and Culture: Articles and Studies on Modern Bulgarian History (2010); In Searching of the Bulgarianness: The networks of national intimacy XIX-XXI (2010) Beltween Slavs and Old Bulgars: “Ancestors,” “Race” and Identity in Late Nineteenth-Century In: Geary, P., Klaniczay, G., Manufacturing Middle Ages. Entangled History of Medievalism in nineteenth-century Europe, Joep Leersen Series “National Cultivation of Culture”. (2013, pp. 347-376); Shopska salat”: The Road from a European Innovation to the National Culinary Symbol”, In: From Kebab to Ćevapčići. Eating Practices in Ottoman Europe” Interdisziplinäre Studien zum Östlichen Europa.