Тони Јаник во ИОХН,Скопје
На наше големо задоволство го најавуваме првото јавно предавање за 2020 година во ИОХН,Скопје. Станува збор за предавањето на Тони Јаник со наслов „Фикции и иднини: откритие и изум“. Предавањето е концентрирано на темата на епистемологија на интегрирани објекти според Ан Франоаз Шмит и Франсоа Ларуел и генеративното знаење (светови, вештачка интелигенција). Предавањето ќе се одржи на 8 февруари (сабота) со почеток во 18 часот во просториите на ИОХН,Скопје.
Тони Јаник е инжинер, филозоф, филмски автор и поранешен коорганизатор на New Centre for Research and Practice (https://thenewcentre.org/). Неговата биографија можете да ја најдете на следниот линк: http://strelka.com/en/education/people/tony-yanick
Сите заинтересирани можат да го најават своето присуство на [email protected] или на тел. бр. 02/ 3113 059.