+389 2 3113 059

Родова димензија на политики во фокус-јакнење на резилиентност во пост-ковид период

Како дел од програмата Цивика Мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка, во периодот 2021/2022, ИОХН Скопје го имплементираше проектот „Родова димензија на политики во фокус-јакнење на резилиентност во пост-ковид период“. Овој проект ја промовираше родовата еднаквост преку преку застапување за развој и имплементација на јавни политики во насока на постигнување еднакви можности на жените и мажите, социјална инклузија и почитување на правата на жените.
Во рамки на проектот беше објавена студијата на политики „Проценка на потреби за градење на родово сензитивни политики за општествена пост-Ковид резилиентност и закрепнување“, достапна на: https://tinyurl.com/4vm88ynn

На 9 декември 2021 беше организиран и онлајн панел „Какви политики за пост-пандемиски одговор за родова еднаквост ни требаат?“

8ynn