РЕФОРМА НА СЛЕДЕЊЕТО НА КОМУНИКАЦИИ – СУШТИНСКИ ИЛИ КОЗМЕТИЧКИ ПРОМЕНИ?
На 15 декември 2017 во Младинскиот културен центар, ИОХН-Скопје организираше јавна дебата под наслов „Реформа на следењето на комуникации-суштински или козметички промени?“ со 4 претставници од граѓанскиот сектор, како и претставник од Министерството за внатрешни работи. Ова беше еден од првите настани на граѓанското општество со отворена критика кон преземените реформи во областа на следењето комуникации и озлогласената УБК. Критиките претставени преку коментари кон специфични решенија за политики и предлози за подобрување на легислативата беа јавно дискутирани на настанот. Воедно, беше искористена и шансата да се елаборира системскиот проблем на пасивноста на Собранието наместо како иницијатор и носител на реформи.
Оваа дебата беше дел од проектот „Дискусии за реформските приоритети во овозможувањето на ‘одзаробување’ на државните институции“, поддржана од National Endowment for Democracy.