+389 2 3113 059

ПРОДОЛЖЕН РОК ЗА КАНДИДАТИТЕ НА РОДОВИ СТУДИИ И ПОВИК ЗА СТИПЕНДИИ

ПРОДОЛЖЕН РОК ЗА КАНДИДАТИТЕ НА РОДОВИ СТУДИИ И ПОВИК ЗА СТИПЕНДИИ

До почетокот на следната недела (понеделник, 28 октомври 2019) се продолжува уписот на групата за Родови студии за уште 5 студенти. Двајца апликанти од сите пријавени во рокот до 28 октомври 2019 ќе добијат целосно стипендирање на нивните студии (со исклучок на одбраната на магистерската теза која изнесува 250 евра во денарска противвредност). Како и во досегашната пракса, а во согласност со актите на Институтот, стипендистите ќе бидат избрани според следниве критериуми:

1. Најзначајни академски и активистички успеси, кои апликантите ќе ги наведат;
2. Образложение од 300 зборови (половина страна) на нивната мотивација да се запишат на оваа студиска група;
3.Информација за нивната социјална положба (податоците кои ќе ги споделат и формулациите кои го опишуваат нивниот социјален статус претставуваат сосема слободен избор на самите кандидати).

Институтот ќе формира комисија која ќе ги интевјуира кандидатите пред да ја донесе својата конечна одлука.