+389 2 3113 059

Препознавање и управување со радикално поларизирачки јавен дискурс: етички и практични дилеми

На 20 јануари 2020 година ИОХН-Скопје ја организираше големата дебата „Препознавање и управување со радикално поларизирачки јавен дискурс: етички и практични дилеми“. Главни говорници беа новинарите: Катарина Синадиновска, Љупчо Поповски, Боби Христов и Горан Момировски, како и претставниците од граѓанскиот сектор: Денис Сулејман, Ана Блажева и Гордан Георгиев. Останатите учесници беа од помалите политички партии што не се во собранието, граѓански организации, медиуми и дипломатските мисии во Скопје. Учесниците ги соочија различните погледи за проблемот со деполаризацијата и улогата на медиумите во врамување на пристојноста на дискурсот.

Дебатата беше дел од проектот „Кон деполаризација на јавниот дискурс во Северна Македонија: Дијалог меѓу спротивставените политички столбови како предуслов за надминување на популистичкиот модел на управување“, поддржан од National Endowment for Democracy.