ПРЕКУ ДЕПОЛАРИЗАЦИЈА ДО ДЕМОКРАТСКИ, СТАБИЛНИ И ВКЛУЧУВАЧКИ ИНСТИТУЦИИ: ПРИДОНЕС НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО
Во 2023, ИОХН Скопје со поддршка на Швајцарската влада преку програмата Цивика Мобилитас и во соработка со партнерите: Институт за медиуми и аналитика, Балкански Институт за Регионална Соработка и Живот со предизвици го спроведува проектот „Преку деполаризација до демократски, стабилни и вклучувачки институции: Придонес на граѓанското општество“. Главната цел на проектот беше критички и информиран дијалог, мониторинг, анализа и застапување политики кои придонесуваат кон јакнење на капацитетите на извршната власт за градење демократски и инклузивни институции.
Спроведените активности опфатија:
- Анализа во делот на општите акти и принципи на јавната администрација со примена на методите и анализите на политики на RESPA и СИГМА;
- Анализа на секторски политики за географско-етнички социјално маргинализираните и маргинализираните на база на нивните физички предизвици (ableism дискриминација);
- Студии на случај за застапување политики кон подемократски институции, социјално инклузивни кон маргинализираните групи;
- Панели на застапување во неколку региони во земјата, каде преку практични примери се презентираа вредностите и начините на примена на принципот „демократски институции“;
- Распространување на идејата преку медиумите во различни региони и на јазици различни од македонскиот;
- Директно застапување пред релевантните сектори (кои произлегоа од податоците од анализите);
- Медиумска анализа и мониторинг, придружена со кампања (притоа користејќи ги своите платформи на социјалните мрежи и сопствените онлајн медиуми) за поголема видливост за целта- преку деполаризација до демократски институции
Сите овие активности придонесоа кон: поголема свест за демократските институции меѓу граѓанските организации, пошироката јавност, но и самите институции; деполаризација на јавниот говор преку натпартиски и надетнички дијалог на информираната јавност; зајакнат граѓански сектор преку соработка и вмрежување, како и подигнување на капацитетот на самите институции за креирање политики со посебен фокус на хоризонталната вредност „демократски институции“.
Повеќе информации за проектот се достапни на: https://www.depolarizirajse.org/