Потпишување на Меморандум за соработка
Фотографии од потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, Факултетот за економски и регионални студии при Универзитетот Македонија од Солун и Економскиот Институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. По потпишувањето следуваше панел дискусија на тема: „Поттикнување на академската соработка на регионално ниво помеѓу Република Северна Македонија и Грција: можности и предизвици“. Настанот се одржа на 28 февруари 2019 година во просториите на Економскиот институт.