Поларизацијата како средство за популистичко владеење и како да се надмине: Анализа заснована на македонскиот случај на социо-политички напори за надминување на „заробувањето на државата“ како главно средство за управување
На јавен настан на 17 октомври 2019 година, ИОХН-Скопје ја промовираше студијата
„Поларизацијата како средство за популистичко владеење и како да се надмине: Анализа заснована на македонскиот случај на социо-политички напори за надминување на ‘заробувањето на државата’ како главно средство за управување“ со Гордан Георгиев (ИОХН-С) и Ана Петрушева (Балканска Истражувачка Регионална Мрежа). Дискусијата се однесуваше на новонастанатата ситуација кога на Северна Македонија не ѝ беше даден датум за почеток на преговори за пристапување во ЕУ и стравувањата од цунами од понатамошна поларизација.
Настанот беше дел од проектот „Соработка помеѓу политичките партии и граѓанските организации: Намалување на асиметричната моќ на извршната власт“, поддржан од National Endowment for Democracy.