+389 2 3113 059

ПАНЕЛ ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР

На 14 септември 2018, Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје го организираше панелот „Преспански договор – Дискусија за идентитетските аспекти на договорот“.

Дискусијата критички ги разгледа сите аспекти од Договорот кои бараат мултидисциплинарна експертиза. Говорниците дадоа придонес врз основа на нивната професионална и научна основа за разгледување на културните, политичките и филозофските идентитетски прашања поврзани со Договорот, како и правните и меѓународните аспекти на договорот.

Главни говорници беа: Проф.д-р Катерина Колозова (Извршна директорка на ИОХН-Скопје) и др. Акис Гаврилидис (Collectif Manifestement – Belgium) додека проф. д-р Гордан Георгиев беше во улога на модератор.