Образование насочено кон иновација во ерата на „транзицијата близначка“: Фокус на Југоисточна Европа
„Образование насочено кон иновација во ерата на ‘транзицијата близначка’: Фокус на Југоисточна Европа“ беше Еразмус проект, поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамки на акцијата KA 220. Координатор на проектот е Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје додека партнери се: Универзитетот Пантеион-Атина, ФМК при Универзитетот Сингидунум-Белград и Софискиот универзитет „Климент Охридски“. Проектот се имплементираше од 2022 до 2024 година.
Фокусот на проектот беше дигиталната демократија и инклузивност, економија заснована на иновации и способност за транспонирање на академското знаење на анализа на политики и застапување. Интегративна интердисциплинарност помеѓу SSH и STEM со цел ефикасно справување со климатските вонредни состојби преку општествени промени. Проектот резултираше во четири клучни публикации:
- Методологија за прилагодување и/или повторно измислување наставни програми во ерата на автоматизирана работа, зелена транзиција и дигитализација (Methodology for Adjusting and/or Reinventing Curricula for the Era of Automated Labor, Green Transition and Digitalization)
- Учебник Мултидисциплинарни студии во ера на автоматизиран труд: род, култура и иднината на демократијата (Textbook Multidisciplinary Studies in an Era of Automated Labor: Gender, Culture, and the Future of Democracy)
- Наставна програма за Студии на култура (Curriculum for the Cultural Studies Program)
- Одлив на мозоци од европската периферија во дигиталната ера (Brain Drain from the European Periphery in the Digital Era)
Проектот опфати и многубројни активности како работилници, зимски школи и сл. Сите активности и публикации се достапни на специјално дизајнираната веб страница: https://www.eidedigitaltool.org/