Образование за Европа: Иновација во наставните програми за следната генерација креатори на политики во Западен Балкан
„Образование за Европа: Иновација во наставните програми за следната генерација креатори на политики во Западен Балкан“ е проект на конзорциумот, каде ИОХН-Скопје е член додека лидер е Универзитетот за политички науки Париз – Кампус Дижон (Science Po. – Campus Dijon), а е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Франција.
Вториот EfE семинар се одржа во Дижон на 22 и 23 септември 2023, што беше одлична прилика за иновативни размени во однос на трансформативните процеси во високото образование во Западен Балкан, процес предводен од водечки француски академски лица и креатори на мислење.