НАДПАРТИСКИ АЛИЈАНСИ
ИОХН-Скопје со поддршка од НЕД (National Endowment for Democracy), Цивика Мобилитас и ФНФ (Friedrich Neuman Foundation) цели кон одзаробување и дигитализација на администрацијата. Во март 2021, Институтот испрати декларација до сите 120 пратеници во македонското собрание да потпишат надпартиска алијанса за демократска и дигитална администрација, при што се доби позитивен одговор од претседателот на собранието, Талат Џафери. Веднаш потоа, премиерот Зоран Заев, ја стави дигитализацијата на администрацијата како еден од стратешките приоритети на владата во наредниот период.