МЕЃУИНСТИТУЦИОНАЛЕН ДОГОВОР
Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје (ИОХН-С) со големо задоволство објавува дека потпишавме меѓуинституционален договор со Одделот за родови студии на Централноевропскиот Универзитет во Будимпешта, Унгарија во рамките на програмата Еразмус +.
ИОХН-Скопје се стреми да привлече талентирани студенти од други институции, а воедно и да им понуди можности за мобилност на сопствените студенти. Затоа, наскоро ќе објавиме новости за повеќе договори што во моментов ги спроведуваме, со што ќе се отворат образовни можности за нашите студенти и партнери на студенти на универзитети за размена, мобилност и учење.