МЕЃУИНСТИТУЦИОНАЛЕН ДОГОВОР
Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје (ИОХН-С) со големо задоволство објавува дека потпишавме меѓуинституционален договор со Пантеон универзитетот од Атина, Грција во рамките на програмата Еразмус +. ИОХН-С во следните пет години ќе може да испраќа и прима студенти и предавачи до/од овие две институции.
ИОХН-Скопје се стреми да привлече талентирани студенти од други институции, а воедно и да им понуди можности за мобилност на сопствените студенти. Затоа, наскоро ќе објавиме новости за повеќе договори што во моментов ги спроведуваме, со што ќе се отворат образовни можности за нашите студенти и партнери на студенти на универзитети за размена, мобилност и учење.