+389 2 3113 059

Како Република Македонија да добие функционален парламент?

На 11 април 2018, ИОХН-Скопје ја организираше дебатата „Како Република Македонија да добие функционален парламент?“ со пратениците: Фросина Ременски (СДСМ), Влатко Ѓорчев (ВМРО-ДПМНЕ), Џеват Адеми (ДУИ) и претставниците на граѓанскиот сектор- Ненад Марковиќ (ИСДЦС) и Гордан Георгиев (ИОХН-Скопје). Ова беше една од ретките прилики, каде претставници на политичките партии на опозицијата и владејачката коалиција учествуваа во конструктивен дијалог. Темите на кои се разговараше беа: реформи во изборниот систем што ќе овозможат поголема плуралност преку внатрепартиска демократија, меѓупартиски дијалог и меѓупартиски алијанси засновани на конкретни прашања.

Дебатата беше дел од проектот „Дискусии за реформските приоритети во овозможувањето на ‘одзаробување’ на државните институции“, поддржана од National Endowment for Democracy.