+389 2 3113 059

ЗДРУЖЕНИ ЗА ЕУ – ОНЛАЈН ПЛАТФОРМА

Со задоволство ја објавуваме нашата онлајн и интерактивна платформа за нашиот проект „Здружени за ЕУ“, достапна овде. Истоимениот проект ќе се вклучи во иницијативи за анализа и застапување, чија цел е деполаризирање на меѓукултурните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, со цел да се надмине можноста од нов застој во процесот на проширувањето на ЕУ, а воедно ќе создадат меѓусебно разбирање меѓу двете соседни земји. Деполаризацијата и разрешувањето конфликт, што ги промовира овој проект се повеќе од итни и клучни. За да се надмине ова зголемено ниво на поларизација и да се придвижи кон заемно и заедничко разбирање меѓу двата народи, важно е да се воведе платформа на континуирана културна размена меѓу двете земји. Ова ќе овозможи суштински перформативна размена на чувствителни теми кои се однесуваат на прашањата на културниот и националниот идентитет – перформативно овде се однесува на чинови на добра волја, самокритичко и саморефлексивно разбирање и деапсолутизирање на конкретизирани и кратковидни поими засновани на долгогодишни идеи на националниот идентитет на двете страни. Оваа платформа е колаборативна и заемно корисна, овозможувајќи фер и де-ескалирани форми на размена и споделување на нови идеи. Исто така, овој проект/платформа сам по себе не се занимава само со итно решавање на конфликтот бидејќи се однесува на националните спорови околу идентитетот, туку исто така ќе делува на создавање нови форми на размена и соработка со цел да се воспостават и да се овозможи продолжување на добрососедските односи во иднина.

Ако го кликнете линкот ќе можете да ја видите интерактивната платформа која нуди: подкасти, блогови, визуелизации, а како најклучно, простор, каде граѓаните од Северна Македонија и Бугарија може директно да ги понудат нивните мислења како да се подобрат односите меѓу двете земји, да споделат (само)критика кон сопственото општество (секој од своја перспектива) и да раскажат приказни за тоа што ги поврзува и што ги раздвојува двата народа. Ова е радикално инклузивно и ги охрабруваме граѓаните од двете земји да се вклучат на платформата, да дадат свое мислење, повратна информација и сл.

Проектот е поддржан од Меѓународниот Вишеградски фонд и ко-финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Кореа.

https://www.alliancesforeu.org/