+389 2 3113 059

За ИОХН-С

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С) е непрофитна истражувачка организација за применети општествени и хуманистички науки посветена на повеќе-тематските студии на политиките. Има статус на научна установа во областите на општествените науки и хуманистиката доделен од Министерството за образование и наука на Република Македонија (Решение за работа бр. 30) Институтот е акредитиран да врши високообразовна дејност на ниво на магистерски студии нудејќи три програми: повеќе-тематски студии на политиките, студии на културата и родови студии. Институтот поседува Еразмус+ повелба која го прави дел од европските високообразовни установи (2016-2020).

Неговите основни активности се состојат од повеќе-тематски анализи од областа на студиите на политики, тренинзи и застапување поврзано со прашањата на политиките, а сето ова во продолжение на неговите основни истражувања од областа на општествените и хуманистичките науки. Видливоста на резултатите од анализите на политиките и нивното ставање во функција на позитивна општествена промена се, исто така, една од основните активности на Институтот: застапувањето и кампањите на подигање свест се неизоставен дел од секоја анализа на политиките спроведувана во Институтот. Нудиме и консултантства и дејствуваме како тинк-тенк од подрачјетоо на повеќе-тематските студии на политиките.