+389 2 3113 059

Застапување за инклузивен развој

„Застапување за инклузивен развој“ е тригодишен проект, кој го спроведува конзорциум составен од: Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С), Форум за разумни политики (ФРП) и Балкански центар за регионална соработка (БИРЦ). Целта на проектот е да ја подигне свест на стручната и пошироката јавност за важноста на Болоњскиот процес и неговата доследна примена, особено за неговата темелна вредност – мобилност, како предуслов за мерлива примена на интерсекторското планирање на високо-образовната и научна дејност со економската област, разбрана според принципот на „двојната транзиција на ЕУ“ – дигиталната и зелена.

Проектот предвидува бројни активности и публикации, но и посебна медиумска кампања (достапни и на специјално дизајнираната веб страница: https://cluster3edu.org/)