ДЕПОЛАРИЗИРАЈ СЕ
Веб кампањата на Институтот „Деполаризирај се“ е дел од проектот „Кон деполаризација на јавниот дискурс во Северна Македонија: Дијалог меѓу спротивставените политички столбови како предуслов за надминување на популистичкиот модел на управување“, поддржан од National Endowment for Democracy. Целта на оваа кампања беше да придонесе кон деполаризација на општеството и да ја подобри културата на дијалог. Преку испраќање на лични приказни, граѓаните го споделуваа личното искуство со администрацијата од „заробената држава“. Кампањата се совпадна и со почетокот на пандемијата од Ковид-19, па така беа изготвени анализи на дискурзивни елементи кои предизвикуваа поларизација во јавноста.
Сите продукти од овој период како: документи, фактоиди, визуелизации, лични приказни се достапни на: www.depolarizirajse.org