Деполаризација на јавниот дискурс: Македонските невидливи критериуми за членство во ЕУ
На 27 јуни 2019, ИОХН-С ја организираше дебатата „Деполаризација на јавниот дискурс: Македонските невидливи критериуми за членство во ЕУ“. Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски ја отвори дискусијата, на која учествуваа и: Трајко Славески (Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ), Ивана Туфегџиќ (независна пратеничка), Кристијан Кастања (експерт за Балканот и соработник во Францускиот Сенат) и Катерина Колозова (извршна директорка на ИОХН-С) додека проектниот координатор Гордан Георгиев (ИОХН-С) беше во улога на модератор. Настанот придонесе кон разбирање, поддршка и поттикнување на процесот на деполаризација во македонското општество.
Дебатата беше дел од проектот „Соработка помеѓу политичките партии и граѓанските организации: Намалување на асиметричната моќ на извршната власт“, поддржан од National Endowment for Democracy.