+389 2 3113 059

Враќање на кредибилитетот на ЕУ и европскиот консензус во граѓанското општество во Северна Македонија

Во 2022/2023 ИОХН-Скопје го спроведуe проектот „Враќање на кредибилитетот на ЕУ и европскиот консензус во граѓанското општество во Северна Македонија“, поддржан од Friedrich Neumann Foundation.

Целта на проектот беше проценка на состојбата во граѓанското општество, неговата посветеност на интеграцијата во ЕУ и одредување на неговиот степен на поларизација во моментот кога земјата формално преговара, но во неизвесност. Истражувањето опфати: деск анализа, анкета и фокус групи.