Алијанса за европска администрација
На 14 април 2021, ИОХН-Скопје ја организираше онлајн дискусијата со м-р Ана Малцева-Маринковиќ, Кабинетски службеник за координација на соработката на Претседателот на Владата со државните органи, јавни претпријатија, установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и други правни лица.
Целта на дискусијата беше да се мобилизира граѓанскиот сектор во застапување за одзаробување на администрацијата. Воедно, ги информираше и охрабри претставниците на политичките партии, граѓанските организации, експертите и креаторите на политики да ја поддржат Алијансата за европска администрација.
Настанот се организираше како дел од проектот„Општествена нормализација: Јакнење на политичкиот дијалог и деполаризација на јавниот дискурс“, со поддршка на Програмата Civica Mobilitas поддржана од Швајцарската Амбасада.