Авении на соработка: кон презамислена регионална припадност
На 3 и 4 декември, 2021 во Скопје се одржа конференцијата „Авении на соработка: кон презамислена регионална припадност“ во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во соработка со International Visegrad Fund и Balkan Trust for Democracy. Конференцијата беше дел од проектот „Авении на соработка“.
На дводневниот настан, научници и јавни интелектуалци од: Северна Македонија, Бугарија, Грција, Чешка, Унгарија, Словачка и Полска дебатираа и преку комбиниран пристап на истражување и застапување, се обидоа да најдат решение за културниот конфликт помеѓу македонската и бугарската држава поврзани со нивните наративи за градење на нации, што предизвика застој во процесот на проширување на Унијата, блокирајќи го следниот чекор за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија. Конференцијата беше дел од покомплексна проектна иницијатива која се обидува да го разбере конфликтот, да понуди можни решенија за него и да изгради мостови на соработка на академската и граѓанската заедница која ќе придонесе за одржливо надминување на проблемот.
Говорници на конференцијата беа:
- Катерина Колозова, виш научен соработник/редовен професор, ИОХН-Скопје
- Костас Дузинас, професор на Универзитетот Биркбек во Лондон и претседател на Институтот Никос Пуланцас во Атина
- Спасимир Домараџи, вонреден професор на Универзитетот во Варшава и член на уредувачкиот одбор на Res Publica Nova
- Габор Егри, директор на Институтот за политичка историја-Будимпешта
- Михал Вит, професор на Универзитетот Метрополитен Прага и виш соработник и директор на Институтот за модерен развој во Прага
- Марта Шпала, виш соработник во Центарот за источни студии во Варшава и координатор на Тинк-тенк форумот за време на полското претседателство со Берлинскиот процес
- Димитар Бечев, визитинг професор на ИОХН-Скопје /Универзитет Оксфорд
- Стефан Дечев, визитинг професор на ИОХН-Скопје /Југозападен Универзитет Благоевград
- Љупчо Петковски, визитинг професор на ИОХН-Скопје