Авении на соработка: Идеи за надминување на македонско-бугарскиот ќорсокак
На 11 март 2022 во Софија, Центарот за академски студии од Софија и Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје ја организираа дискусијата „Авении на соработка: Идеи за надминување на македонско-бугарскиот ќорсокак“. Настанот беше дел од проектот „Авении на соработка“, поддржан од International Visegrad Fund и Balkan Trust for Democracy.
Целта беше да се придонесе кон позитивни промени во општеството, особено целејќи кон деполаризација на јавните наративи, намалување на национализмот и промовирање соработка преку истражување и застапување преку податоци, како и подигнување на свеста во Северна Македонија и Бугарија. Официјалните говорници беа: проф.д-р Катерина Колозова (извршна директорка на ИОХН-Скопје) и проф.д-р Стефан Дечев (Југоисточен Универзитет на Благоевград и Универзитетот во Софија „Св.Климент Охридски“), додека модератор беше проф.д-р Димитар Вацов (Нов бугарски универзитет).