CULTURE   SOCIETY  POLITICS  POLICY  THEORY

.pdf Документи

Донатори

Партнерски Институции

ЗА ИОХН-С

    Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје е непрофитна научно-истражувачка установа, дел од Регистарот на научни установи на Министерството за образование и наука на Република Македонија (решение бр. 30). Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИССХ - Скопје) спроведува истражувања на теми поврзани со политиките од областа на општеството, политичко-економската стварност, културата и родот. Институтот организира конференции, јавни дебати, симпозиуми и летни школи, а исто така и врши публикации на сопствените истражувања. Исто така, Институтот е акредитиран за организирање настава од втор циклус односно магистерски студии (решенијата за акредитација се наоѓаат во одделот „Документи“ на оваа интернет страница, заедно со решението за упис во регистерот на научни установи на МОН).

    ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА НА ИНСТИТУТОТ

    Моментално, на Институтот за Општествени и Хуманистички Науки- Скопје се активни трите оддели:
    1. Оддел за Родови студии и Студии на културата
    2. Оддел за Социјална филозофија
    3. Оддел за студии на политики
    Сите оддели работат на проекти кои вклучуваат интердисциплинарен пристап и тимски истражувања меѓу самите оддели.

    Управни тела

    1. Основачко Собрание
    2. Научен Совет
    3. Извршен Директор

    Постапките за донесување одлуки и извршување активности овозможуваат мобилност, транспарентност и достапност на тимот за јавноста, другите институции и за останатите кои се заинтересирани за работата на Институтот. Одлуките се донесуваат на демократски начин, со активно учество и придонес на целиот тим. Пристапот кој се применува во процесот на донесување одлуки вклучува идеи кои доаѓаат директно од истражувачите, иницијативи кои произлегуваат од одделите кои потоа се процесираат низ телата за формално донесување одлуки, наместо да бидат наложени во обратна насока. Извршниот Директор има значајна улога при постапките за донесување одлуки согласно пропишаното во Статутот на Институтот.