CULTURE   SOCIETY  POLITICS  POLICY  THEORY

.pdf Документи

Донатори

Партнерски Институции

ВИСТИНСКАТА ЦЕНА НА ЕВТИНАТА РАБОТНА СИЛА (Второ, дополнето издание)


Со задоволство ви ја претставуваме студијата „Вистинската цена на евтината работна сила: политики за привлекување на странски директни инвестиции во Македонија, 2007-2015“ (второ, дополнето издание) од Бранимир Јовановиќ. 

Студијата е составена од два дела. Првиот дел дава преглед на движењето на странските директни инвестиции во Македонија во овој период, се осврнува на политиките за привлекување и поддршка на странските инвестиции кои беа применувани, и прави обид да ги процени директните трошоци и ефекти на овие политики.

Вториот дел се осврнува на работните услови и работничките права во странските фабрики, низ призма на резултатите од теренското истражување кое беше направено во рамки на оваа студија, кое се состоеше од интервјуа со работници од петте најзначајни странски фабрики.

Наодите од студијата се дека македонската влада во периодот 2007-2015 година дала 160 милиони евра за привлекување и помагање на странските инвестиции. Дваесет и пет странски фирми добиле државна помош во овој период. Овие фирми на крајот на 2015 вработувале вкупно 12600 работници, што значи дека државата потрошила околу 12600 евра по вработен работник.

Средствата кои овие фирми ги исплатиле за плати на работници во целиот овој период изнесуваат 92 милиони евра, што е значајно помалку од она што државата го потрошила. Во истиот овој период, нето добивката на помаганите фирми изнесувала 235 милиони евра, односно, два и пол пати повеќе од платите на работниците.

Што се однесува до работните услови, сите анализирани фирми обично вработуваат со договори на определено време, што генерира неизвесност и страв кај работниците, што пак има дисциплинирачки ефект врз нив. Во сите фирми интервјуираните работници сметаат дека работата е тешка и нормите се високи и дека не се платени сразмерно на вложениот труд. Во ниедна од фирмите нема синдикат и работниците сметаат дека работодавачите ќе санкционираат обиди за синдикално организирање. Во една фирма има пример кога работници кои се обиделе да се организираат за да одбранат одредени свои права, биле избркани од работа.

Во сите анализирани фирми работниците истакнале дека има примери на кршење на одредени работнички права. Најчести примери на кршење на права се мобингот, неплаќањето на работата за време на викенди, наметнување да се работи за време на викенди или празници и  неможноста да се користи ден од одмор. Присутни се и примери на ограничување на слободата на говор, на ограничување на слободата за извршување на одредени физиолошки потреби и на неинформирање на работниците за одредени здравствени ризици.

Студијата е поддржана од фондацијата „Rosa Luxemburg Stiftung Southeast Europe“

Студијата може да ја преземете подолу на линкот:

ВИСТИНСКАТА ЦЕНА НА ЕВТИНАТА РАБОТНА СИЛА (Второ, дополнето издание) - download here