CULTURE   SOCIETY  POLITICS  POLICY  THEORY

.pdf Документи

Донатори

Партнерски Институции

Анализа на политики и закони кои влијаат на слободата на изразување

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество спроведуван од Фондацијата отворено општество- Македонија во текот на 2015/2016 година работи на проектот „Анализа на политики и закони кои влијаат на слободата на изразување“. 

Општата цел на проектот е, по пат на препораки за политики и нивно застапување во јавноста, да придонесе за зголемување на слободата на изразување во пошироката јавност во Република Македонија.

Проектот се спроведува преку следните активности:
- Истражување на политиките во неколку сектори за влијанието на регулативите врз слободата на изразување, здружување и организирање штрајк;
- Воспоставување платформа за интерсекторско поврзување на граѓанското општество за застапување на правото на слобода на изразување;
- Развивање на комуникациски стратегии на застапување и
- Кампања и застапување преку дефинирање и дисеминација на препораки за институциите