CULTURE   SOCIETY  POLITICS  POLICY  THEORY

.pdf Документи

Донатори

Партнерски Институции

Промовирање на социјално и финансиско образование во програмата за животни вештини во основното образование во Македонија

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во периодот ноември 2014 – јули 2015 работеше на проектот „Промовирање на социјално и финансиско образование во програмата за животни вештини во основното образование во Македонија “. Проектот беше поддржан од УНИЦЕФ-Македонија и Aflatoun, а беше имплементиран од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование, ИОХН-С и други национални експерти за образование. 

Целта на проектот беше да се развие курикулум за социјално и финансиско образование во националниот образовен систем. 

Главните активности во проектот беа:
- Воведување на курикулумот за социјално и финансиско образование во основното образование;
- Развивање на материјали за наставниците како дел од програмата за Животни вештини во основното образование;
- Имплементација на наставни и воннаставни активности во пилот училишта;
- Евалуација и препораки за подобрување