CULTURE   SOCIETY  POLITICS  POLICY  THEORY

Download .pdf documents

Donors

Partner Institutions

ТЕКОВНИ ИСТРАЖУВАЊА

Тековните редовни истражувања на институтот (ноември 2013-декември 2015) сочинуваат меѓудисциплинарен повеќегодишен во подрачјата на родовите студии, студиите на културата и студиите на политиките. Целта на колективниот истражувачки процес е до крајот на 2015 да произведе студија која ќе го опише и објасни најсоодветниот начин  на контекстуално прилагодување на приментливоста на најсовремените методологии во општествените науки. (Се мисли на прилагодување на македонскиот научен контекст). Студијата која во својата основа е методолошка, се темели на аналитичка проценка на моментниот дискурс и преовладувачки теориско-методолошки приод во општествените науки во Македонија. Трите подрачја на кои се концентрира се избрани поради нивната интердисциплинарна природа и насоченоста кон применливост. Применливоста е една од приоритетните теми на истражувањето,  со цел да се постигне поголемо кореспонденција помеѓу општествената теорија и пракса. Студијата што ќе произлезе од тековните истражувања ќе биде објавена на англиски, македонски  и албански јазик. Тимот, вклучувајќи ги надворешните работници, е мултидисциплинарен и теренските истражувања се изведуваат паралелно на македонски и албански јазик. Известувањата од анализите се пишуваат на англиски јазик. Очекувани резултати од тековните истражувања и тимската студија мултијазична студија е не само да придонесе за подобро разбирање на македонското, европското и глобалното општество туку и на истражувачките полиња во кои што е активен.  
Овие резултати се во согласност со долгорочната цел на институтот која ја следи траекторијата на програмскиот развој во однос на истражувањето на две рамништа:  

- (a) да произведе убедлива интерпретација на општеството (во неговата културно-политичка и родова комплексност), засновани на цврста аргументација, емпириски убедливо потврдена, врз чија што основа

- (б) креирање на решенија за политики кои ќе овозможат и унапредување  на институционални и културни трансформации во насока на инклузивно општество, засновано на социјална правда. 
Предизвикот да се толкуваат конкретните општествени реалности и да се пронаоѓаат веродостојни и изводливи решенија на политики (policy solutions) во сооднос со дадената реалност е дополнителен предизвик за тестирање на теоретската значајност на концептите или на концептуалните апарати употребувани при социолошките и хуманистичките истражувања.  Со други зборови, применетите истражувања имаат засебна цел на концептуална иновација служејќи како провокација за проверка на големите идеи кои имаат статус на силен авторитет во академијата.